Достапни линкови

Фалуџа: Договор за прекин на огнот


Во ирачкиот град Фалуџа денеска бил постигнат нов договор за натамошен прекин на огнот кој од наредниот вторник превидува забрана за носење оружје во градот и воспоствување на патроли во кои ќе учествуваат припадниците на коалициските сили и на ирачката полиција. Во меѓувреме, во повеќе ирачки градови продолжуваат одвоените напади меѓу бунтовниците и колициските сили во кои вчера загина околу 40 лица. Во денешниот ракетен напад врз болницата во Мосул две лица загинале, а десетмина вработени биле ранети додека во Багдад во екплозија на бомба било оштетено едно американско возило по што американските војници отвориле оган и раниле повоиќемина минувачи.
XS
SM
MD
LG