Достапни линкови

logo-print

Фридрих Бауер, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР. Во вториот круг, фокусот врз недостатоците и нерегуларностите забележани во првиот круг


Амбасадоре Бауер како го оценувате вториот дел од предизборната кампања пред гласањето на 28-ми април?

Се разбира нашите набљудувачи присуствуваат на митинзите на двата кандидата и ги следат подготовките за вториот круг на изборите. Детален приказ на нашите забележувања ќе дадеме во вториот прелиминарен извештај што ќе го објавиме ден по изборите. Како и да е за сега сме задоволни од главно мирната капмања пред вториот круг со еден исклучок. Тука мислам на неодамнешното подметнување бомба во седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Тетово, за што сторителите сеуште не се пронајдени.

Што очекувате од вториот круг, дали поворување на оценките но и забелешките нотирани по првиот круг?

Би било малку преурането сега да го кометирам вториот круг. Но, морам да кажам дека нашата мисија повнимателно ќе се фокусира на некои недостатоци и нерегуларности што ги забележавме во првиот круг. Најсериозни од нив се индициите за полнење на гласачките кутии на неколку изборни места, потоа забележувањето на гласање во име на друг, во некои случаи на семејно гласање. Набљудувачите на околу четири насто до избирачките места за време на првиот круг забележаат дека нема потписи на гласачките листи што е во врска со полнењето на гласачките кутии. Исто така некои општински изборни комисии не ги следат директните процедури во срамнувањето на резултатите.

Ќе има ли промени во набљудувачката мисија на ОДИХР?

Јадрото на персоналот останува тука. Тоа е тим од десет луѓе меѓу кои сум и јас. Долгорочните набњудувачи се исто така на теренот во ист број и со иста мисија, како и краткорочни набљудувачи. Очекуваме околу 250 до 260 набљудувачи на ОДИХР да бидат вклучени во мисијата за денот на изборите. Единствената работа што ќе биде променета е распоредувањето на нашите краткорочни набљудувачи бидејќи ние ги идентифициравме критичните избирачки места или проблематичните избирачки места и некои набљудувања ќе бидат фокусирани специјално на нив.

Како вие ја гледате улогата на набљудувачите на изборите?

Изборните набњудувачи, вклучително и меѓународните иако вие имате и домашни кои мошне добро ја вршат работата се важен чинител во чесното и неутралното спроведување на изборите. Иако набљудувачите не можат да го детектираат секое нарушување самото нивно присуство ги одвраќа обидите за некои нерегуларности.
Би сакал да кажам дека нашата улога би треебакла да се доживува во позитивна смисла дури и тогаш кога таа подразбира критика. Таа критика некогаш се однесува на изборните процес, а некогш е совет за во иднина. Домашните и непратиски набљудувачи се исто така мошне значајни чувари на чесноста на изборниот процес и МОСТ како и другите невладини набљудувачи навистина работеа извонредно за време на првиот круг. Нивното паралелно броење на гласовите е значајно достигнување. Тука се и партиски овластените набњудувачи на изборниот процес нивната улога е исклучително важна бидејќи всушност тие се луѓето кои можат да ги поднесат официјалните приговори и жалби за гласачкиот процес. Тоа е мошне значаен елемент кој не се употребува баш најдобро. Луѓето не се добро информирани за можностите и формалностите што треба да бидат забазени во поднесувањето на приговорите, но за тоа ќе можам да зборувам подоцна

Добро да се вратиме на она за што можете да зборувате Во првиот извешат една од препораките на ОДИХР се однесуваше на потребата од создавање постојан Изборен Секретаријат. Дали можете да ни појасните за што точно станува збор, зошто е тоа важно?

Без постојана изборна администрација е невозможно да се биде однапред подготвен за изборите. Примерот на овие избори кои беа непланирани и до кои дојде поради трагичната смрт на Борис Трајковски покажаа дека некои чекори преземени од страна на Државната Изборна Комисија беа направени во последен момент, а некои дури беа и импровизирани. Во такви ситуации морате да се потпирате на помош од меѓународните организациои или други државни институции. Со постојана изборна администрација изборниот систем би можел постојано да се усовршува и подобрува, а меѓународната помош би можела да се фокусира на градењето на капацитетот на институциите, а не да помош на самата изборна администрација.

Постојана изборна администрација при Државната Изборна Комисија и евентуално општински изборни комисии би воделе до подобро обучен и способен персонал. Постојаниот секретаријат би можел да селектира и да го обучи привремениот изборен персонал како Што е оној во избирачките одбори. Ваков пристап е употребен во многу земји, иако постојат и други земји во транзиција кои немаат постојана изборна администрација.

Во вашиот прв извештај забележувате дека нивото на трошоците на капањите на двете најголеми партии изгледа доста високо, па оттаму и оценката за недостаток од прописи за обелоденување на финансиското работење на кампањите пред изборите. Кажете ми нешто повеќе за тоа?

Мислам дека еден од проблемите е што нема постојани извештаи за финансирањето на капањите, па гласачите не можат да откријат од каде партиите ги црпат своите средства и како ги трошат. Друг проблем е што системот на следење на финансиите е базиран врз следење на банкарските сметки иако средствата Што стигаат до партиите не секогаш одат преку банки.
Потоа се чини дека лимитот до кој на партиите им е дозволено да троШат е многу низок. И кончено финансиската контрола на трошењето за време на кампањата се врши од страна на државна институција, не од изборните власти како што ние препорачуваме.

Во набљудувањето на изборите ОДИХР се фокусира и на учеството на жените во изборниот и политичкиот прецес. Со ова се поврзува и појавата на семејно гласање која е постојано присутна во Макеоднија што во таа смисла забележавте овојпат?

Иако очигледно нема жени кандидати на овие избори, наш впечаток е дека жените имаат многу поголема и поважна улога во изборниот и политичкиот процес. Во одреден дел тоа е резултат на обврските на партиите за подобра полова балансираност во стукрурата.сепак на локално ниво забележавне дека жените се помалку политички активни. На пример тие се многу помалку присутни на митинзите за време на кампањата. Нашите набљудувања говорат и за намалувањ ена појавата на семјно гласање што пак е резултат на осамостојувањето на жените. Знаете дека ние сме против семјното гласање. Тоа особено ја минимизира улогата на жената. Би можеле да кажеме дека постои тенденција на намалување на оваа појава.

Набљудувачката мисија на ОДИХР го следи и медимското покривање на изборите. Каква е вашата оценка и што мислите дека би можело да биде подобрено во таа смисла?

Медимското покривање во првиот круг беше главно балансирано. На гласачите им беа дадени доволно изнформаци. Ние го следиме медимуското покривање и во вториот дел на кампањата но затоа повеќе во нашиот извештај по гласањето. Но, она што го забележавме досега и што го нотираме во првиот извешатај е дека Советот за Радиодифузија кој е задолжен за следење на медиумското покривање на изборите нема директни и ефективни овластувања освен да испрати предупредување до оние што ги нарушуваат принципите за фер и балансирано медимско покривање. Со други зборови нема казни освен предупредување што мислиме дека не е доволно. Сметаме дека во иднина би требало да се усвојат процедури кои ќе овозможат ефектно и навремено реагирање и ако сакате казнување во случаи на нефер и незаконско медиумско покривање.

И конечно амбасадоре Бауер многу странски представници се вклучија во кампања за поглем одзив на електоратот на изборите в среда. Имате ли вие своја порака до гласачите во Македонија?

Наш мандат е да набљудуваме и ние се воздржуваме од давање какви и да е јавни изјави околу вториот круг вклучувајќи ги тука изјавите и за поттикнување на избирачите да излезат да гласат. Но се разбира ние би сакале изборите да успеат во фер и демократски манир.
XS
SM
MD
LG