Достапни линкови

Македонските граѓани незаинтересирани за краткорочните државни записи


И покрај фактот што од почетокот на оваа година државата во промет пушти краткорочни државни записи чија цел покрај добивањето на ликвидни средства за потребите на буџетот е исклучително интересен инструмент и за штедење на граѓаните, досега интерес кај физичките лица скоро и да не постои. Според директорот на „Охридска банка“ Најденко Поповски за тоа има две причини, неинформираноста и недостигот на пари кај граѓаните:

„Нема можеби пропаганда, а населението нема ниту пари, тоа е слободна пара, за одредено штедење на одреден краток период.“

Дел од Тезата на поповски ја потврдуваат и анкетираните граѓани:

„Државни записи, немам поима!“
„Мислам дека се хартии од вредност, ама што се прави со нив, немам поима.“
„Не знам прв пат слушам за тоа.“
„Тоа се веројатно хартии од вредност што ги издава државата, а како што, која е постапката не знам.“


Можеби е потребно минималниот износ на државниот запис кој во моментов изнесува 10 илјади денари да се зголеми. Со тоа ќе бидат директно стимулирани оние граѓани кој нависитина имаат поголеми количества слободни парични сретства вели поповски:

„Можеби требаше да се зголеми износот, да не е најмалку 10,000, да е поголем износот, и поединците да ги мотивираат. Затоа што, кога ќе речеш граѓанин, никогаш немало интерес, ниту сега за обврзниците, ниту порано за благајничките записи.“

А процедурата за купување на државни записи е едноставна. Тие се продаваат двапати месечно. клиентот кај комерцијалната банка потпишува договор под кои услови односно која каматна стапка сака банката да ги набави државните записи. Ако на денот на аукцијата се постигне бараната камата договорот е важечки.
Досегашното искуство вели , со краткорочните државни записи се остварува годишен приход кој е најмалку за 2% повисок од приходот кој би се добил доколку средствата бидат пласирани во некоја од комерцијалните банки која нуди најдобрата годишна камата за штедни влогови.

Засега државни записи купуваат единствено комерцијалните банки за свои потреби. Досега се реализирани 8 аукции, следната е на 4 мај.
XS
SM
MD
LG