Достапни линкови

Една од главните дилеми, потребниот одзив и можните последици од апстиненцијата


Во Македонија со релативно нискиот одзив на електоратот во првиот круг и високиот цензус за вториот стравувањето од неуспех на изборите отвори јавна дебата за тоа дали кампањата која повикува на масовен одзив е мешање во избирачкото право да се апстинира или спасување на иднината на земјата. Сепак, присуството на таква кампања не е спорно. Во неа се вклучени многумина. Од претседателските каднидати, партиите што ги поддржуваат преку странските претставници, па се до невладиниот сектор. Под мотото „Гласај. Да не и го вртиме грбот на нашата земја“ невладиниот парламент оценува:

„Треба да се излезе на гласање, да се даде гласот за кандидатот кој Што сметаат дека е најдобар и да почнеме да работиме на решавање на проблемите“

Изјави претставникот Сретен коцески. На неколку медиуми се појави и поранешниот председател киро Глигоров со неговото мислење:

„Да не се избере председател мислам дека не е добра работа. Ќе се изгуби многу време треба после нови избори, нови кандидати, нови трошоци кои ќе ги плаќа народот.“

Токму големиот број на оние кои повикуваат на гласање и начинот на кој пораката се праќа истовремено предизвика и спротивни реакции:

„Ние имаме кампања која што делумно само ги исполнува уставните права на граѓаните. Таа е свртерна само кон правото на гласање меѓутоа истовремено врши терор кон сите ониекои што имаат право, исто така, да не гласаат незадоволни од понудата што на политичкиот пазар во моментов им ја нудат двете најголеми политички партии,“

вели директорот на „Фокус“ Никола Младенов. И едните и другите и оние кои се дел од кампањата за одзив и оние што и се спротивствавуваат, не го оспоруваат фактот дека неуспехот на изборите ќе предизвика политичка криза во земјата. Разликата е во толкувањето на нејзините последици. Додека оние вклучени во кампањата инсистираат на опасноста за дестабилизација на земјата поради неуспех на изборите, другите сметаат дека неуспехот да се избере председател може да има и некои позитивни политички разврски:

„Таа ќе ги натера релевантните актери, играчи во изборниот процес да размислат како да најдат излез од таа криза“

вели Мирјана Малеска. Нејзиниот колега Панде Лазаревски оценува:

„Нормално сите посакуваме да има едни нормални избори, да имаме една нормална политичка понуда и едноставно да се завршат работите на еден очекуван, разумен начин меѓутоа честопати неразумноста на политичарите резултира со неразумни решенија во практиката.“
XS
SM
MD
LG