Достапни линкови

Фалуџа: Американските сили предупредија на офанзива


Американските сили во Ирак предупредија дека наскоро би можеле да започнат офанзивни акции против бунтовниците во градот Фалуџа бидејки досегашните повици да биде предадено тешкото оружје не биле исполнети. Околу 2 илјади маринци се наоѓаат околу Фалуџа, а генерал Марк Кимит изјави дека трпението на американските сили е при крај. Шиитскиот радикален муслимански водач Моктада Ал Садр се закани со самоубиствени напади доколку американските сили превземат акција за негово фаќање во Наџаф.
XS
SM
MD
LG