Достапни линкови

Даблин: Две и пол илјади полицајци за време на прославата за проширувањето на ЕУ


Ирската влада соопшти дека ќе распореди околу две ипол илјади припадници за безбедност за време на прославата на проширувањето на Европската Унија што ќе се одржи наредната сабота во Даблин. Ирското министерство за одбрана објави дека за безбедноста на лидерите на државите на Унијата, кои ќе присуствуваат на свеченоста, ќе се грижат покрај полициските сили на теренот, воени хеликоптери и експерти за хемиско, билошко и нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG