Достапни линкови

Иницијатива за промена на уставот


Се додека не се извршат корекции во уставот со кој на државните органи односно монополската управа ќе и се даде право да изрекува казни неможе да се очекува виситинска борба прорив монополското однесување на одрдени компании, е ставот на првиот човек на оваа управа Панче Бардаров.

„Поведуваме иницијатива за промена на уставот, со еден амандман, со кој ќе се дозволи и друг орган, а не само судовите да може да води постапка и да изрекува казни.“

Во моментов во државата право да изрекуваат казни единствено имаат судовите , но поради ситуацијата во која се наоѓа судската власт, казните на крајот не стигнуваат до оние за кој се наменети.

„Монополската управа може да покрене само прекршочна постапка. Судот, таков каков што е нашиот правен систем, кога во најдобар случај ќе ја разгледува таа прекршочна пријава ќе помине година или повеќе од тоа.“

Проблем има и со висината на максимално изречената казната која во вкупен износ несмее да биде повисока од десет илјади евра:


„Кога телекот осмислено би зафатил само по едно евро, на сите 600,000 фиксни корисници во Република Македонија, тоа значи неоправдано зафаќање на граѓаните, на износ месечен 800,000 евра, најголемата казна што за ова може да му се изрече, според законот за прекршоци или според законот за заштита на конкуренцијата на пазарот е 10,000 евра.“

Измените на законот за ограничување на конкуренцијата кој веќе се влезени во владина процедура нудат решение, според кое, оваа казна би се движела од 1 до 10% од вкупните годишните приходи на компанијата:

„Ако имам годишен промет 500 милиони евра, значи максималната казна може да биде 10 насто, тоа 50 милиони евра. Мислам дека тоа се суми, кои и тоа како ќе ги натераат деловните субјекти на пазарот да ги почитуваат државните органи.“

Најголеми регистрирани прекршители на конкуренцијата се јавните претријатија, за кои поради неажурното судство, а и ниските казни досега монополската управа по правило им изрекува само предупредувања.
XS
SM
MD
LG