Достапни линкови

Безбедносна вистински ноќен кошмар


Одбројувањето за Олимпијадата во Атина започна. Тоа ќе бидат првите летни Олимписки игри што ќе се одржат во таканаречената нова ера на глобалниот тероризам. Со стотиците илјади спортисти, и посетители кои ќе пристигнат во грчкиот главен град, безбедноста станува вистински ноќен кошмар. Може спортскиот дух да ги преживее ваквите страхувања. Или Олимпискиот оган ќе биде послаб.

Тероризмот на Олимписките игри, секако не е нешто непознато. Летната Олимпијада во илјада деветстотини седумдесет и втората година во Минхен беше означена како трагедија кога терористичката група Црн септември ги држеше во заложништво изарелските спортисти. Епилогот од инцидентот, загинати: единаесет израелци, петтмина терористи и еден германски полицаец. На Олимписките игри во Атланта по четиринаесет години едно лице беше убиено, а стотина други беа повредени во бомбашки напад. Меѓутоа, нивото на опасноста денес е неспоредливо од тогаш. По настаните во септември две илјади првата година, војните во Ирак и во Авганистан, како и многубројните терористички напади низ светот ги стави под прашалник очекувањата дека на претстојната Олимпијада во Атина ќе дојдат сите проминентни учесници и гости. Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Жак Роже вели дека никакви подготовки не можат да ја намалат опасноста од терористички напади. Сепак, тој додава дека грчката влада, во соработка со седум други земји, вклучувајќи ги Соединетите Држави и Израел, презела невидени напори да ја зголеми безбедноста. Првиот човек на комитетот смета дека меѓународната заедница не треба да си дозволи да биде парализирана поради терористичките закани. Според пресметките, само безбедносните мерки ќе ја чинат Грција околу шестотини и пеесет милиони евра. Така, од тринаесетти до дваесет и деветти август, покрај четириесете илјади полицајци, на спортските арени во Грција ќе бидат распоредени и илјадници грчки војници.

„Јасно, Олимписките Игри се во фокусот на секој во светот што сака да предизвика неволји. Затоа и Меѓународното Олимписко движење безбедносното прашање го сфаќа многу сериозно. Претстои тешка работа со цел да им се обезбеди целосна сигурност на спортистите и посетителите.“

Вели портапаролот на Британската олимписка асоцијацаија Филип Поуп. Со неговото мислење се согласува и британскиот спортски новинар Данкан Меккеј. Но, тој додава:

„Секој што ќе оди во Атина е нервозен околу целата оваа работа со безбедноста, но јас не мислам дека тоа е нешто поразлично од вообиченото кога например сте на некој аеродром. Вие во таква ситуација секогаш чувствувате страв.“

Смета Меккеј. Покрај терористичката опасност, загриженост предизвикува и бавното одвивање на изградбата на олимписките капацитети и на потребната ифраструктура. Но, Меккеј е оптимист:

„Тоа е толку голем настан, што со самиот почеток ќе се издигне над сите проблеми и скандали и луѓето ќе бидат ентузијастички настроени исто како што беа пред четири или пред триесет години.“

Вели Меккеј кој како поткрепа на својата теза ја посочува успешноста на Зимските Олиписки игри што се одржаа во американскиот град Солт Лејк Сити, само неколку месеци по терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон.
XS
SM
MD
LG