Достапни линкови

Државата против нелегалното вработување со Договор за дело


Во јавните установи и во приватните фирми ќе започнат ригорозни контроли за проверка на начинот на регулирањето на работниот статус на работниците. Имено, со промените во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кој веќе ја помина Владината процедура, трудовите инсепктори ќе имаат зголемени ингеренции за спроведување на санкции кон оние претпријатија, кои години наназад работниците ги ангажираат со договор за дело, одредба која не е предвидена во Законот за работни односи, но за да ги избегнат обврските кон државата, работодавците го применуваат Законот за облигациони односи.

„Ова е од причина што во последно време, договорите за дело многу се злоупотребуваат и се прифаќаат како работен однос. Меѓутоа, во законот за работни односи, ваков тип на работно ангажирање на постои, затоа ова не е класичен работен однос, за така да биде третиран. Токму затоа, проширувањето на ингеренциите на инспекторите се многу значајна промена на овој закон, со што ќе се елиминираат ваквите појави и случувања во практиката,“

истакнува Маја Стојчевска од Министерството за труд и социјална политика.

Доколку инспекторите увидат дека работодавците, ги ангажираат работниците спротивно на Законот за работни односи, односно ја применуваат „институцијата“ договор за дело:

„Тие имаат обврска согласно законот за инспекција на трудот, на работодавецот да му даде определен рок, во којшто работодавецот треба да го регулира работниот однос. Меѓутоа, ако работодавецот тоа не го направи, следуваат казнени одредби во парични износи, или во краен случај, инспекторот може да ја затвори фирмата 60 дена.“

вели Стојчевска.

Бројот на ангажирани работници со ,,договор на дело,, во државава воопшто не е мал. Иван Акимовски раскажува дека ја имал таа срека во една од институциите во државава, да биде ангажиран само една година, но вели, искуствата на моите колеги говорат за ваков начин на ангажирање кој трае и по повеке од една деценија.

„Имаше колеги и колешки што во таа институција беа ангажирани по неколку години, па дури и случај на ангажирање 12 години, којашто работи таму, а нема решение за стално, и тоа не го оправдувам“

Според Министерството за труд, најголемиот мотив за промените, е заштитата на работниците кои повеке години работат на ваков начин, но од друга страна се пријавуваат во Бироата за вработување за да си обезбедат здравствено осигурување, со што на крајот најмногу е оштетена државата.
XS
SM
MD
LG