Достапни линкови

На ред потешкиот чекор пред добивањето на статусот кандидат


Хрватска синоќа доби позитивно мислење од Европската Комисија за добивање статус на земја кандидат за членство во Европската Унија. Во Загреб, експертите меѓутоа проценуваат дека е тоа полесниот чекор за кој не беше потребен консензус од сите земји членки на Советот на Европа како што ќе треба при добивањето статус земја кандидат.

Во Загреб владееше оптимизам и пред добивањето на ависот-таканареченото позитивно мислење за хрватската европска кандидатура. Ависот имено се носи со консензус, но и со просто мнозинство од 20 те гласови на преставниците во Брисел. Во Советот на Европа, меѓутоа, каде што за некој месец би требало за Хрватска да се расправа за добивањето статус на земја кандидат и да се одреди датумот на почетокот на преговорите за членство, е потребна согласноста од сите 25 земји членки колку што за некој ден, поточно од 1 Мај ке брои Унијата. Регионалниот пристап на Унијата кон Западниот Балкан, објективните околности во Брисел, се меѓу клучните елементите кои ќе бидат на маса при носењето на таа одлука во случајот на Хрватска, сметаат некои експерти од Загреб кои и не се толку оптимисти и не поврзуваат се со Генералот Анте Готовина и неговото предавање на Хашкиот Трибунал, како што условуваа некои земји од ЕУ.

„Причините се веројатно подлабоки. Секако дека зависи и од нас, но сметам дека дали ке станеме партнер за преговори ,во овој момент, зависи исклучуво од самата Европска Унија и од некои земји членки.“

вели доктор Даворин Рудолф експерт за меѓународни односи. Некогашниот прв човек на хрватската дипломатија доктор Мате Граниќ се согласува дека Велика Британија, Холандија, па и Данска и Шведска беа или се уште се резервирани од извлекувањето на Хрватска како една од земјите на Запеден Балкан. Граниќ предупредува токму на овие објективни околности поради кои Загреб не смее премногу да се надева дека ке го фати брзиот воз за Европа.

„Се уште не е донесен уставот на Европската Унија. Не се договорени механизмите на проширувањето. Во пресметките не се обезбедени никакви средства за проширување.“

Како и да е Хрватска се подготвува за Европската Унија, а таа според загребски дописник на Радио Слободна Европа повеќе ги плаши отколку што ги радува граѓаните на оваа земја.

„Мислам дека ке живееме полошо од сега.

Луѓето се плашат дека нема да можат да колат свињи, да прават скара во својот двор.

Не разбирам ни што е тоа. Можат да прават што сакаат со оваа сиромаштија.“
XS
SM
MD
LG