Достапни линкови

Газа: Израелските сили убиле пет, а раниле 10 Палестинци


Израелските војници убиле 5, а раниле повеќе од 10 палестинци во борбите кои избувнаа по израелското влегување во северниот дел на Газа, јавија агенциите. Изрелската армија соопшти дека, во потрага по домашно изработени ракети кои се испалуваа врз еврејските населби, со тенкови и хеликоптери е влезено во градот Беит Лахиа каде што избувнаа судирите со палестинците.
XS
SM
MD
LG