Достапни линкови

logo-print

Групното гласање на изборите остаток од минатото, манипулации не се исклучени


Појавата на групно, најчесто семејно гласање е нешто што се провлекува на сите изборни циклуси во Макеоднија. Речиси редовно набљудувачите го констатираат овој вид нарушување на изборната процедура. Првиот круг председателски избори во Македонија го потврдија овој тренд. Групно гласање било забележано во 13 насто од избирачките места, со пораст од 21 насто во етнички алббанските области, соопштија конторлорите на ОДИХР со напомена дека овие бројки биле пониски од претходните избори.Според публицистот Неби Муресли станува збор за рецидив од минатото кога изборите всушност биле формално гласање за една партија:

„Во минатиот систем имаше моменти кога еден член на семејството гласа за целото семејство бидејќи тоа беше гласање, а не избори.“

За политиколозите оваа појава не е непозната вели Мирјана Малеска Станува збор за практика за која е потребно време за да се напушти

„Тоа ќе трае се додека таа средина не се еманципира во таа политичка граѓанска смисла на зборот“

Со ова се согласува и Мурсели. Според него:

„Тоа се процеси кои во иднина, и тоа показателите го потврдуваат ,се повеќе се намалуваат. Што повеќе избори имаме се помалку има таков начин на гласање. Со тоа што имаме емаципација условно кажано на гласачите“

Сепак останува прашањето колку политичките партии активно работата во едукација на електоратот на кој му се обраќаат, а колку дозволуваат оваа нерегуларност да биде простор за манипулации.

„Доколку некој смета дека изборниот процес не е доволно фер возможно е да се користат групните гласања односно да се манипулира со таа традиција за да се добијат повеќе гласови на своја страна,“

вели Малевска

Демократската партија на Албанците без одговор на прашањето, Демократската Унија за Интеграција преку портпаролот Ермира Мехмети соопштува:

„Ние како политичка партија секогаш апелираме до гласачкото тело на избори да излезат самоволно и сами независно да ја изразат нивната волја и доверба.“
XS
SM
MD
LG