Достапни линкови

Професионална изборна администрација


Околу 15 илјади луѓе се вклучени во изборниот процес во земјава. Станува збор за членовите на 34 те општински комиси, за избирачките комисии на повеќе од двеилјади и деветсотини избиражки места и за 9-те члена на државната изборна комисија. Се смета дека и последниот изборен круг ги потврди недостатоците што години назназад се провлекуваат на сите изборни циклуси а се однесуваат на апаратот што ги спорведува изборите. Имено веќе во првиот прелиминарен извештај на набљудувачите на ОДИХР како недостаток се наведува дека, иако законот предвидува формирање постојан секретаријат на Државната Изборна Комисија тој сеуште не е формиран, а не е ниту предвиден во буџетот. Директорот на мисијата која го следи изборниот процес во македонија амабасадорот Фридрих Бауер изјави:

„Мислиме дека ДИК мора да има постојана изборна администрација со цел да не биде потребна помош од останати државни административни тела.“

Професионализацијата на дел од изборната администрација е еден од начините со кои може да се одбегне или барем намали појавата на комплетно блокирање на инситуциите на системот за време на изборите посочува Зорна Јачев од Трансперентност Македонија:

„Изборите ќе треба да се препуштат на организација на професионалци, на луѓе коишто се избрани и платени за таа работа, а што е можно помалку да влијаат, подготовката и спроведувањето на изборите на целокупното работење на државата.“

Она што набљудувачите на ОДИХР го констатираат во својот извештај е и лошиот квалитет на администрацијата задолжена за изборната постапка. Имено, таму се нотира дека Избирачките одбори и општинските комисии често не успеваа да ги следат постапките за сумирање на резултатите и во некои случаи донесуваа ад хок прилагодувања на записниците за правилно да ги порамнат. Недостатоците на изборната администрација не е нова појава, вели актуие;ниот председател на Државната Изборна Комисија Стево Пендаровски во интервјуто за емисјата „Светла Точка“. Тој вели:

„Ние не можеме да се залажуваме, Македонија нема европска администрација во ниту еден сегмент и изборната администрација не може да биде никаков исклучок.“

Според Пендаровски размислувањата и аргументите за потребата од формирање секретаријат задолжен за изборите се неопходни, но сепак треба да го почекаат крајот на овој изборен циклус.
XS
SM
MD
LG