Достапни линкови

Законот за ставање ред во дејноста недоследно се спроведува


Македонските туристи кои планираат првомајсите празници да ги поминат надвор од државава, повеке не треба да стравуваат дали туристичката агенција која ја одрбрале ќе им го обезбеди она што им го понудила во програмите. Македонските туристи сега само треба да одберат некоја 200-те туристички агенции, кои добија лиценца која ја гарантира нивната професионалност во работата, велат во Министерството за економија.

Но, само шест месеци од донесувањето на Законот за туризам, тој е жестоко нападнат од инволвираните во туристичката фела кои велат дека тој содржи многу недоследности и дека ефектот од лиценцирањето воопшто не придонесува за квалитет во работењето и средување на проблемите во оваа дејност:

„За жал, вака како што е донесен законот, не може да се видат брзо резултатите, од проста причина што самиот има доста компромиси во однос на онаа идеја што ја носи самото лиценцирање. Фактот дека ние имаме многу повеќе А лиценци – туроператори од многу поразвиени туристички земји, како Бугарија, Грција, Турција тоа значи дека имаме некоја погрешна проекција. Зашто ако нешто не е реално лиценцирано и поставено на пазарот ќе се јават и нереално услови за работа на пазарот,“

потенцира Мирче Пешевски од туристичката агенција Савана.

Не е спорно лиценцирањето и редот кој државата сака да го спроведе во туристичкиот сектор, но проблемот е во тоа што тој не се однесува на подигнување на квалитетот на понудите кон клиентите, туку во некои превисоки стандарди кои им се поставени на агенциите, а кои реално неможат да се исполнат, реагира и Зоран Ковачевиќ од Туристичката агенција Магелан:

„Сега тие велат, А лиценца, да има двајца вработени со високо образование. Дали само двајца вработени со високо образование може да ја извршат целата работа? Значи, тоа е апсолутно грешка.“

На крајот мислењето на туристичките агенции, го потврдуваат и во Туристичкиот сојуз на Македонија.

„Сите имаат лиценци и тие коишто заслужуваат и тое коишто не заслужуваат. Услови немаат сите, меѓутоа тоа не се спроведува на дело.“

изјавува Киро Николовски, Претседател на Туристичкиот сојуз.

Согласно стандардите, туристичките агенции можат да добијат А, Б, В лиценца според тоа дали организираат, патувања, летувања и зимувања во земјава или надвор од неа.
XS
SM
MD
LG