Достапни линкови

Комбинаторики кој со кого на изборите?


Изборните резултати од првиот круг на претседателските кандидати на ДУИ, Гзим Острени, и на ДПА, Зиди Џелили, и овозможуват на партијата на Ахмети добра позиција во евентуалниот „пазар“ со коалицискиот партнер во Владата СДСМ. Какво ќе биде решението на ДПА сеуште е непозната иако оттаму веќе ја исклучија можноста за поддршка на претседателскиот кандидат на СДСМ Црвенковски:

„Без некои посебни договори или посебни комбинаторики, сметаме сите оние кои го поддржаа Гзим Острени дека ќе се препознаат и во изборните принципи и во политиката што на овие избори ја промовира Бранко Црвенковски,“

вели шефот на ИШ на Бранко Црвенковски Владо Бучковски. Највисоките органи на партијата ќе решат како ќе се постапува во вториот изборен круг, вели портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети:

„ДУИ сеуште нема заземено став во врска со ова прашање. Политичкиот дел од одлуките се донесуваат од највисокото партиско тело, тоа е претседателството.“

Но, сепак апетите на ДУИ не се мали. Извори од оваа партија велат дека доколку го поддржат кандидатот на СДСМ за возврат би добиле еден од важните ресори во извршната власт, министерството за одбрана или пак спикерското место во собранието.

На албанските гласови во втоиот круг се надеваат и во Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Сашко Кедев:

„Сметаме дека е исклучително важно, овој пат албанските гласачи да го дадат гласот, не насочени строго од некоја политичка партија, туку да го дадат ценејќи ги квалитетите на кандидатот, кој исто така ќе ги застапува нивните интереси и ќе биде претседател на сите граѓани без разлика на нивната етничка, партиска или верска припадност,“

изјави Ганка Самоиловска Цветанова. Во ВМРО ДПМНЕ реално се наеваат на гласовите на ДПА. Поддршката за Црвенковски кај ДПА не влегува во ниту една комбинација, изјави непосредно пред одржувањето на првиот изборен круг за Радио Слободна Европа Зуди Џелили

„Се сомневам дека ќе можеме да најдеме заеднички јазик со Бранко Црвенковски и евентуално да ги насочиме гласовите кон него.“
XS
SM
MD
LG