Достапни линкови

„Македонски телекомуникации“ ја злоупотребуваат монополската положба на пазарот


„Македонски Телекомуникации“ не ја почитуваат одлуката на Монополската управа за рамноправен пристап на сите Интернет провајдери до АДСЛ услугата, што овозможува непрекинат 24 часовен Интернет пристап за корисниците15 пати побрз од сегашниот „дајл-ап“ пристап, обвинуваат останатите Интернет провајдери. Моментално, оваа услуга ја нуди само МТ-НЕТ, сестринска компанија на „Телекомот“, а останатите Интенет провајдери потенцираат дека ваквиот однос најмногу ги погодува корисниците кои плаќаат двојно повисока цена од онаа што би ја понудиле тие:

„Бараме со проста цел, за да не се фаворизира монополот и тој да стане уште поголем монопол. Затоа што сите знаеме конечно каква е ситуацијата во државава. Само три насто од населението има пристап до Интернет. Така што, по сите иснистирања и барања, Монополската управа децидно кажува дека „Македонски телекомуникации“ ја злоупотребува доминантната положба со цел да зграби поголем дел од пазарот,“

изјавува Предраг Чемерикиќ, извшрен директор на Он-нет.

Во Телекомот соопштуваат: прифаќаме дека монополската управа донела одлука која не е конечна, ниту е јавна, се до нејзиното објавување во службен весник. Знаеме дека органите на државата работат со најдобри намери за го поддржат развојот на пазарот и информатичката технологија, а тој развој е наша цел, но сите вакви постапки, само не оддалечуваат од развојот на информатичкото општество, во согласност со праксата на ЕУ, се вели во соопштението на „Македонски Телекомуникации.“

Директорот на Монополската управа Панче Бардаров тврди дека „Македонски Телекомуникации“ мора да понудат пристап на сите провајдери

„Прво по нашиот закон, Монополската управа, не е должна и не може да ги објавува своите одлуки во службен весник. Монополската управа донесе решение со кое му се наложи на „Телекомот“ да престане да ја нуди оваа услуга само преку својот интернет провајдер МТ-НЕТ и повеќе да не склучува договори, туку истата кога ќе биде подготвен да ја понуди преку сите Интернет провајдери.“

вели Бардаров.

Инаку, скапиот Интернет и недоволната понуда на различни пакети е една од причините за Македонија да биде на дното на листата европски држави според корисниците на Интернет како процент од вкупното население. На европската Интернет топ листа, објавена на веб страницата за светска интернет статистика само Албанија, Босна и Украина се зад нас.
XS
SM
MD
LG