Достапни линкови

Приштина: ОН бараат истрага за убиството на тројца полицајци на светската организација


Обединетите нации побараа да биде спроведена истрага за убивањето на тројца полицајци на светската организација во вчершаната престрелака мегу меѓународните полициски сили на Косово. Во инцидентот што се случил во кругот на затворот во Косовса Митровица загинале двајца американци и еден Јорданец а меѓу 11-те други мировници што се повредени десетмина се Американци. Засега нема официјлно објаснување за причините поради кои дошло до судирот меѓу припадниците на меѓународните мировни сили на Косово, но агенциите јавуваат дека претходела расправа во врска со конфликтот во Ирак. Во врска со инцидентот денеска се приведени четворица јордански припадници на полицијата.
XS
SM
MD
LG