Достапни линкови

Вечерва концерт на денс групата „Фејтлес“


Во само два дена - два значајни концертни настапи. Најнапред Ферер со мајсторите од Буена Виста Социјал Клуб, а потем и британците Фејтлес чие име е симбол за успешност на топ листите и загарантирана забава на перформансите и турнеите.

Предисторијата за второспоменативе го вели следното. Групата ФЕЈТЛЕС е основана на почетокот од минатата деценија околу јадрото кое го чинат Роло Амстронг, продуцент и ремикс мајстор, инаку еден од главните двигатели на островската хаус-сцена и Систер Блис, една од најуспешните диџејки во Лондон. Во оригиналната постава се вклучени и раперот Макси Џез, пејачот и музичарот Џејми Като и гитаристот Дејв Рендал. Во концертната постава на бендот има осум инструменталисти, а на нивните албуми одвреме навреме може да се чуе и прекрасниот вокал на сестрата на Роло, една од големите светски поп ѕвезди Дајдо.

Иако во почетокот било предвидено овој состав да објави само еден сингл Салва меа, па затоа и го носи името ФЕЈТЛЕС или БЕЗНАДЕЖ, по бавниот, но огромен успех, тие решаваат да продолжат да работат како група и го објавуваат првиот албум насловен како Референсе. Успехот е повторен со новиот сингл Инсомнија, а со потпишувањата на албумските изданија Сундаѕ 8пм и Оутроспецтиве веќе станува јасно дека составот се здобива со епитет на една од најзначајните постави која вешто еквилибрира помеѓу прогресивната и поп музиката.

Инаку, песната што како фон оди на ова кажување, Год ис а ДЈ, им донесе номинации за неколку престижни награди, а признанието ГРЕМИ го добија како најдобра денс-група.

И, конечно, зад балканската турнеја на ФЕЈТЛЕС стои македонската промотерска куќа Авалон, на која не и е ова прв ваков потег, што доволно говори дека и во тој поглед се прави исчекор што не оддалечува од локалниве буништарски политички игри без граници.
XS
SM
MD
LG