Достапни линкови

Постојат тајни на занаетот за привлекување на неопределните


Македонските граѓани во средата по трет пат гласаа за претседател на државава во прв изборен круг. Мегу двата круга велат аналитичарите може да се очекува заострување на мегусебната конфронтација на двајцата кандидати и поостра кампања. Карактеристика на овој изборен круг е и најмалиот одзив на гласичите, воопшто од сите избори кои се одржале во заемјава. Политикологот Ѓорѓи Иванов посочува дека има начини да се привлечат гласачите:

„Има тајни на занаетот. Луѓе што се бават со политички маркетинг, знаат многу добро како тоа се прави. Има различни методи, но прашање е колку нашите партии се моќни сето тоа да го искористат и да применат сосема поинаква методологија од првиот изборен круг. Значи, има техники и искуства од многу земји од Запад, како да се придобијат тие што се неопределени, бидејќи изборите ќе ги решат токму неопределените.“

Иванов смета дека е неопходна промена во настапот на претседателските кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, во спротивно, вели тој, можно е одзивот да биде и под 50 проценти:

„Ако нема промена кај партиите во водењето на кампањите, можно е одзивот да падне под 50 насто и изборите да не успеат. Останува на самите партии како ќе ја насочат кампањата. Бидејќи, комбинации со бројки, дека ДУИ ќе ги даде гласовите на СДСМ, а ДПА на ВМРО-ДПМНЕ тоа е весела математика. Тоа не важи во демократија.“

Претходните избори за шеф на државава се одржаа 1999 година кога беше избран трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Тој во вториот круг освои околу 580 илјади гласови, а неговиот противкандидат од СДСМ, Тито Петковски околу 510 илјади. Во првиот изборен круг пак предност имаше Петковски. На овие избори имаше кандидати и од албанскиот блок политички партии, од ДПА, Муарем Неџипи и Мухамед Халили од ПДП. На првиот изборен круг тогаш излегоа 69 проценти, а во вториот 63,7 проценти од граганите запишани во избирачкиот список. Досегашната пракса, вели Иванов покажува дека одзивот е секогаш поголем во првиот круг:

„Вообичаено е на вториот круг да постои осипување на гласачкото тело. Се зголемува бројот на апстиненции, тоа е правило како кај нас, така и на други избори.“


Прв пат пак на непосредни избори Македонија доби претседател во 1994 година. Тогаш одзивот на гласачите беше околу 66 проценти, а за претседател уште во првиот круг беше избран Киро Глигоров со околу 710 илјади гласачи, а неговиот противкандидат Љубиша Георгиевски доби околу 190 илјади гласови.
XS
SM
MD
LG