Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Буш и Блер ја потврдија позицијата во Ирак


По вчерашните разговори во Вашингтон, американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер ја реафирмираа позицијата на двете држави дека ќе останат заедно во борбата против ирачките бунтовници. Тие, исто така потврдија дека сојузниците ќе сторат се на триесети јуни да им биде предадена власта на ирачаните. Буш и Блер го поздравија израелскиот план за повлекување од Газа и од делови на Западниот Брег, оценувајќи дека тоа е можност за палестинците за формирање независна Палестинска држава.
XS
SM
MD
LG