Достапни линкови

Братислава: Втор круг од претседателските избори


Во Словачка денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. Над четири милиони запишани гласачи избираат меѓу поранешниот премиер Владимир Мечијар и неговиот бивш долгогодишен соработник Иван Гаспарович. Двајцата претседателски кандидати претставуваат симбол на четири годишниот период, до илјада деветстотини деведесет и осмата, во кој меѓународната заедница на Словачка, со забелешка дека во земјата нема демократија, премолчно и ги замрзна преговорите за членство во НАТО и во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG