Достапни линкови

Деталите сеуште не се објавуваат


Поголемиот дел од нацрт-извештајот за авионската несреќа што се случи на 26 февруари, при што животот го загуби претседателот на Македонија Борис Трајковски и осум други лица кој го придружуваа е завршен, но деталите од него не беа објавени иако тоа се очекуваше:

„90 насто од работата е завршн ве молам имајте трпение за останатите десет, ние вас ве почитуваме, но ве молиме имајте разирање кон нас, затоа што како професионалци, мора целосно да ја завршиме истрагата,“

изјави претседателот на истражната комисија Салко бегиќ.

„Знам дека причините за падот на авионот најмногу ве интересираат, но ние додека не ја завршиме целосната процедура не можеме да ви соопштиме резултати,“

рече Бегиќ.

Македонските воздухопловни власти заедно со босанската делегација веќе неколку дена го разгледуваат нацрт- извештајот за причините за авионската несреќа. македонската страна засега има само технички забелешки:

„Битни забелешки нема, има некои забелешки повеќе од техничка природа, и лекториски забелешки за да бидеме сите усогласени,“

изјави директорот на Управата за цивуилна и возсдушна пловидба на Македонија Илир Мехмети.

Во Меѓувреме медиумите во земјава веќе лиферуваа дел од нацрт извештајот според кој човечкиот фактор била причината за авионската несреќа.

Неофицијалните информации кои се повикуваат на добро упатени извори велат дека грешка на пилотскиот екипаж при процедурата за слетување на мостарскиот аеродром е причина за уривањето на владиниот "кингер":

„Навлегуваме во нешто што не смееме сега да го кажеме. Ние не смееме да почнеме да се базираме на шпекулации од блиски извори на некој извор. Кога ќе го завршиме конечниот извештај, јас ве уверувам дека вие и јавноста ќе биде детално информирана за причината на несреќата,“

вели Мехмети.

Конечните резултати од истрагата ќе бидат соопштени кон почетокот на идниот месец.
XS
SM
MD
LG