Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Светската економија годинава ќе забележи пораст од 3,7 насто


Бирото за економски и социјални прашања на Обединетите Нации проценува дека светската економија во оваа година ќе забележи пораст од 3,7 проценти. Притоа се предвидува дека американската економија ќе биде главен движечки фактор со пораст од 4,7 насто, но истовремено се предупредува дека големиот американски буџетски и трговски дефицит нема да биде одржлив на долг рок. Најголем пораст на економијата се предвидува за Кина од 8,5 насто и Русија од 7,8 насто, додека во Европската Унија годинава ќе има 1,9 насто економски пораст.
XS
SM
MD
LG