Достапни линкови

logo-print

Во вториот круг по две недели одат Црвенковски и Кедев


55,14 насто изнесува одзивот на гласачите во првиот круг на претседателските избори одржани вчера, соопшти ДИК:

„Кандидатите ги имаат добиено следниве резултати, онака како што беа на гласачкото ливче: Зуди Џелили 76269, Бранко Црвенковски 385300, Гзим Острени 134048, Сашко Кедев 309131,“

изјави претседателот на ДИК Стево Пендаровски.

Се работи за првични официјални резултати објавени од ДИК, додека конечните, како што соопшти Пендаровски, ќе бидат објавени на 17-ти април. Општа е оценката дека изборниот процес во земјава минал во мирна и демократска атмосфера. Првиот круг на претседателските избори, се одржа во согласност со меѓународните стандарди, соопштија првите луѓе на ОБСЕ, која на вчерашните избори имаше најголем број странски набљудувачи:

„Неправилностите главно беа составени од групно гласање или гласање за друго лице, но исто така постоеја инциденти на полнење на гласачките кутии. Исто така, една неправилност со којашто се сретнавме е тоа што избирачките одбори во избирачките места, најчесто не ги следеа инструкциите и напатствата за правилно сумирање на избирачките резултати,“

изјави директорот на мисијата на набљудувачите Фридрих Бауер. Тој со препораки до државните институции:

„Изборните закони во земјава се многу сложени и треба да бидат униформирани, еднозначни и поедноставни. ДИК мораше да работи со четири закони коишто во извесни моменти си противречеа едни на други. Исто така, мислиме дека ДИК мора да има постојана изборна администрација.“

Претходно, и невладината организација „Мост“ која ги набљудуваше изборите со над 3,000 домашни набљудувачи оцени дека изборниот процес поминал во фер и демократска атмосфера, како и дека првиот круг од вонредните претседателски избори е успешен и регуларен.
XS
SM
MD
LG