Достапни линкови

Одзивот во првиот круг според вообичаениот тренд


За разлика од предвидувањата за помал изборен одзив бројот на излезените гласачи на првиот круг од председателските избори покажуува дека тој се движи во, за Македонија вообичаениот тренд, вели социлог Ило Трајковски. Според него, резултатите и покрај повиците за изборна апстиненција и кадровските промени во најголемата опозициска партија одново потврдија:

„Чинам дека гласачкото тело во Македонија има силен партиски идентитет. И тоа е она што го објаснува, би рекол, и она што го имаме денеска како резултат. Партиските постави се тие, не се променети значајно и покрај кадровските промени во ВМРО-ДПМНЕ.“

Тесната разлика која постои меќу двата кандидати кои влегуваат во вториот круг , освен со стабилната партиска структура може да се објасни и со сеуште недефинираниот став на неопределените смета Трајковски:

„Мислам дека социолошки гледано тешко дека можеме да изведуваме заклучоци врз основа на социјални и културни белези на гласачите.“

Според него, она што може да се очекува е жестока предизборна кампања во вториот круг и значајна промена на резултатот . Тесното водство ќе биде мотивација повеќе за електоратот, вели Трајковски.

Аналитичарите се согласни дека за резултатот и исходот на изборите многу е важно како Ќе се односеува албанскиот дел од електоратот.

„ДУИ ужива висок рејтинг кај македонските гласачи од албанско потекло и ќе може да повлијае врз нивното однесување во вториот круг.“

Бројот на гласовите во однос два наспрема еден што ги освојиа кандидатите на ДУИ и ДПА се очекувани вели Ибрахим Мехмети:

„Тие го одразуваат односот на силите, иако може да има одредени отстапувања. Очигледно е дека ДУИ доби врз основа на поддржување на Охридскиот договор, а ДПА изгуби затоа што калкулираше со Охридскиот договор.“

Споре Мехмети она Што е изненадувачко и крајно неприфатливо е однесувањето по изборите и прославувањето на победата со оружје

„Ова за мене беше изненадувачки, се работи за тензија и славење преку пукање е израз на фрустрации.“

Оттаму кај Мехмети и стравувањето за натамоните изборни циклуси:

„Мислам дека е претерано и дека ќе биде проблематично за есенските избори, доколку не се направи нешто, доколку партиите не се дистанцираат од ваките настапи, а како што слушнавме синоќа тоа не се случи.“
XS
SM
MD
LG