Достапни линкови

Свет: Италија и Јапонија повторија дека нивните војници ќе останат во Ирак


Италија и Јапонија повторија дека нивните војници ќе останат во Ирак и покрај убиството на еден италијански заложник и можното киднапирање на уште двајца јапонски граѓани. Претходно владите во Рим и во Токио ги потврдија вестите во врска со новите настани околу заложничката криза во Ирак. Како што јавуваат агенциите, околу четириестина странски граѓани се држат како заложници од страна на ирачки милитантни групи кои бараат повлекување на сојузничките сили од земјата.
XS
SM
MD
LG