Достапни линкови

Скопје: Разгледување на извештајот за несреќата на претседателот Трајковски


Македонските воздухопловни власти денеска треба да го разгледаат нацрт извештајот подготвен од специјалната комисија на босанската влада за причините за авионската несреќа во близина на Мостар во која загинаа македонскиот претседател Борис Трајковски и осумина членови на делегацијата и на екипажот. Усогласениот извештај, како што се додава, треба да биде испратен до босанското јавно обвинителство, до меѓународната воздухопловна асоцијација, до македонската влада и до Соединетите Држави каде што е произведен паднатиот авион од типот Кингер.
XS
SM
MD
LG