Достапни линкови

Според ДИК до 15 часот одзивот 26 насто


26,3 насто од избирачите излегле на гласање до 15 часот. Тоа се последните резултати за одзивот на граѓаните во денешните предвремени претседателски избори кои ги соопшти ДИК:

„По општини во Берово 41%, Битола 19%, Валандово 33%, Гевгелија 39%, Гостивар 30%, Делчево 41%, Демир Хисар 35%, Тетово 6%, Карпош 32%, Центар 20%, Гази Баба 33%, Чаир 29% и Кисела Вода 25%.“

Тоа се последните податоци за одзивот на гласачите пред затворањето на гласачките кутии, изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски.

Од ДИК потврдуваат за одредени инцидентни, но оттаму велат дека гласањето на тие избирачки места продолжило.

„Не се гласа единствено во Црн Врв. На другите места и доколку имало одреден прекин, тој бил решен од избирачките органи и гласањето е продолжено. Во Грчец според изнофмрациите со кои располагам се случил одреден проблем. Односно, членот на избирачкиот одбор, при кинењето на гласачкото ливче, фатил две ливчиња и тука настанал проблем, кој бил веднаш решен и гласањето продолжува. Информациите кои се стигнати до нас, велат дека имало некаква физичка пресметка, меѓутоа тоа не го нарушило гласањето подолго време. И по средување на состојбата, гласањето продолжило.“

Таневски и со критики до невладината организација „Мост“ која има најмногу набљудувачи на овие избори:

„Што се однесува до невладината организација „Мост“, сакам да кажам, дека тие како и другите невладини организации, сите што добиле дозвола и акредитација за набљудување на изборите, во овој случај ДИК смета дека не го почитувале кодексот и дека ги прекршиле одредбите од тој кодекс. Тие имаат право да набљудуваат, а се што забележале и констатирале може да го објават по 19 часот по затворањето на гласачките места.“

ДИК првичните официјални резултати од изборите треба да ги соопшти 24 часа по нивното завршување, а конечните најдоцна по три дена од нивното завршување.

Доколку ниту еден од претседателските кандидати не освои над 50 насто гласови од вкупниот број регистрирани избирачи кој во Македонија изнесува речиси 1 милион и 709 илјади гласачи, тогаш двајцата кандидати кои ќе освојат најголем број гласови одат во вториот круг, кој треба да се одржи за две недели.
XS
SM
MD
LG