Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат вооружените пресметки


Во Ирак и натаму продолжуваат вооружените пресметки меѓу сојузничките сили и ирачките бунтовници. Околу две илјади и петстотини американски војници се распоредни околу Наџаф како подготовка на акцијата против милицијата на радикалниот шиитски лидер Моктада ал Садр за кого се верува дека се наоѓа во тој град. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека и покрај насилствата, власта на ирачаните ќе им биде предадена според планираното на триесети јуни годинава.

Претседателот Џорџ Буш синоќа, на една од неговите ретки прес конференции во Вашингтон, оцени дека во спротивно, тоа ќе ги охрабри бунтовниците и ќе ја скрши надежта на ирачаните за нивната судбина.

„Оваа влада ќе стори се што е потребно да успее во нејзината историска мисија, враќање на суверенитетот на ирачаните на триесети јуни. Како горд и независен народ, ирачкиот не поддржува бесконечна окупација. Тоа не го сака ни Aмерика. Ние не сме имепријална сила.“

Изјави Буш, додавајќи дека милицијата на шиитскиот верски лидер Мокатада ал Садр мора да биде разоружана.

„Насилството што го видовме е борба за власт од страна на овие екстремни и немилосрдни елементи. Тоа не е граѓанска војна. Тоа не е народно востание. Повеќето од ирачаните се непоколебливи. Тие се против насилство и диктаторство.“

Рече Буш, наведувајќи дека Моктада ал Садр бил поврзан со шиитската организација Хезболах и со палестинското движење ХАМАС. Претседателот Буш ја изрази потребата да се донесе нова резолуција на Советот за безбедност на Обединетите Нации која, како што рече, ќе придонесе и други земји да учествуваат во обновата на Ирак. Запрашан за тоа дали Ирак е сличен на Виетнам тој со одговор.

„Мислам дека аналогијата е погрешна. Исто така се случува да помислам дека ваквата аналогија е со цел да се испрати погрешна порака до нашите трупи и до непријателот. Ова е тешка работа. Но мора да останеме на курсот, бидејќи конечните резултати се од наш национален интерес.“

Претседателот Буш притоа изрази подготвеност да ги зачува американските сили во Ирак се додека не биде постигната таа цел. Ваквите ставови на Џорџ Буш изнесени на прес конференцијата во Вашингтон веднаш беа критикувани од Џон Кери од Демократската партија, кој, по се изгледа, ќе му биде против кандидат на ноемвриските претседателски избори. Според него, Буш, освен, како што рече, шуплива реторика не понудил реални решенија за стабилизирање на ситуацијата во Ирак. Напротив, претседателот ни стави до знаење дека има намера упорно да се придржува кон досегашната политика која претставува голем ризик за американските војници, изјави Кери, кој се заложи за интернационализација на напорите и реален пренос на политичката власта во Ирак врз Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG