Достапни линкови

Ереван: Продолжуваат протестите против претседателот Кочариан


Лидерите на опозицијата во Ерменија соопштија дека ќе ги продолжат протестите против претседателот Роберт Кочариан и покрај тоа што полицијата вчера ги попречила демонстрациите при што беа повредени десетици лица. Според лидерот на опозиционата партија на Правдата Степиан Демирчијан, полициската акција била добро планирана валкана воена операција. Полицијата пак ја обвини опозицијата за вчерашните насилства. Опозицијата бара референдум за оставка на претседателот обвинувајки го за нерегуларности на минатогодишните избори. Соединетите Држави ургираа проблемите да се решат со дијалог на двете страни.
XS
SM
MD
LG