Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Средба Ху Џинтао – Дик Чејни


Американскиот пот претседател Дик Чејни денеска во Пекинг се состана со кинескиот претседател Ху Џинтао и премиерот Вен Џибао. Чејни по средбата даде позитивна оценка за американско – кинеските односи, посебно поздравувајки ги напорите на Пекинг во убедувањето на Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма. Кинеските медуиуми претходно јавија дека кинеското раководство побарало од Чејни, Вашингтон да ја запре продажбата на дефанзивното оружје на Тајван, кој за Пекинг е составен дел од Кина. Според Хсинхуа, Чејни ја афирмирал американската позиција која не ја подржува формалната независност на Тајван.
XS
SM
MD
LG