Достапни линкови

logo-print

Ескалираат киднапирањата на странци


Во Ирак како појава деновиве ескалира појавата на киднапирање цивили од странските држави. Напаѓачите нив ги користат во кампањата против коалиционите сили во Ирак.

Бројот на исчезнати странци за кои се верува дека се киднапирани во Ирак порасна деновиве на 16 лица. Цел на киднаперите се странски цивили од земји кои ја подржаа инвазијата врз Ирак, но и од земји кои беа против интервенцијата предводена од Соединетите Држави. Некои од нив се ослободени како на пример 5 украинци и тројцата руси кои работеа во руската енергетска компанија Интер енерго сервис. Американската војска од друга страна соопшти дека двајца американски војници и седум цивили кои работеле за американската компанија Келог Браун и Рут се киднапирани или убиени. Тие работеле врз обновата на ирачката инфраструктура. Исто така се смета дека беа киднапирани и тројца чешки новинари. Чешкиот амбасадор во Ирак Мартин Клепетко изјави.

„Ништо немаме потврдено. Не знаеме што се случи. Не знаеме од кого се киднапирани и кои се условите за нивното ослободување.“

Се уште нема ништо официјално ни за тројцата јапонски цивили, односно еден новинар и двајца хуманитарни работници од оваа земја. Ирачките напаѓачи се заканија дека ке ги запалат живи киднапираните доколку Јапонија не ги повлече своите сили од Ирак. Јапонскиот премиер Јунихиро Коизуми го одби барањето. Портпаролката на семејствата на киднапираните јапонци побара од владата да го разгледа барањето на киднаперите и да ги повлече 550 те јапонски војници од Ирак. Јапонскиот цар Акихито повика на брзо ослободување на тројцата цивили за време на средбата во Токио со американскиот потпретседател Дик Чејни. Чејни ги подржа напорите за ослободување на јапонците, изразувајки задоволство што премиерот Коизуми одби да преговара со киднаперите.

„Ние веруваме дека позицијата на премиерот е исправна. Тоа е важно бидејки нашите влади не се заплашуваат од заканите и насилството. Нема да дозволиме терористи да влијаат врз политиката на нашите влади.“

Седум кинески работници кои беа киднапирани во неделата, во меѓувреме се ослободени.
XS
SM
MD
LG