Достапни линкови

Прв круг од вонредните претседателски избори


Точно во седум часот се отвораат 2,973 избирачки места на кои граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за четворицата кандидати за претседател на Република Македонија. Подготовките на изборите се завршени, а вообичаено ден претходно гласаа војниците, затворениците и внатрешно раселените лица. Резултатите од ова гласање ќе бидат познати по завршувањето на коплетниот изборен процес во деветнаесет часот кога сите избирачки места се затвораат и започнува процедурата не пребројувањето. Во единствениот избирачки список се запишани милион 695 илјади 103 граѓани. Бројот на гласачите е идентичен со бројот на гласачките ливчиња кои се веќе дистрибуирани до 34-те општински изборни комисии. Ливчињата се бели со посебна заштита против фалсификати. И овие избори се со веќе востанеовената процедура. За да се избегне повеќекратно гласање избирачите ќе бидат обележани со невидлив спреј што ќе биде проверувано со ултравиолетовите ламби на избирачките места. Вообичаено е и легитимирање на гласачите со лична карта или патна исправа. Министерството за внатрешни, како што соопшти Државната изборна комисија, од седум до деветнаесет ќе издава нови лични исправи за оние што имаат неважечки лични карти или не поседуваат патна исправа. Согласно законот, Претседателот на Република Македонија ќе биде избран во првиот круг доколку некој од кандидатите добие повеќе од 50 отсто од вкупниот број гласови, а на изборите излегле повеќе од половината регистрирани гласачи. Доколку не се избере претседател во првиот круг, вториот круг ќе се одржи за 14 дена, односно на 28 април. Во вториот круг ќе влезат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови.

Третите по ред претседателски избори во Македонија кои се одржуваат неколку месеци порано поради трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски ги набљудуваат 4,500 контролорите. Повеќето од нив се домашни набљудувачи, а најбројни странски конторлори испрати канцеларијата за човекови права на ОБСЕ ОДИХР. Нивната задаче е проверка на почитувањето на изборната процедура и регистрирање на евентуални нерегуларности.

Начинот на спорведувањето на изборите вообичаено се смета за доказ на демократската зрелост на една земја оттаму и повикот на претседателот на Државната Изборна Комисија Стево Пендаровски:

„Да се покажеме дека сме демократска држава, да не го покажеме грдото лице кое сме го имале на претходните избори, и да потврдиме дека демократски, транспарентни и легитимни избори во Македонија стануваат стандард.“
XS
SM
MD
LG