Достапни линкови

Се е подготвено за регуларни претседателски избори


Подготовките за предвремените претседателски избори во Македонија се завршени. Државната изборна комисија потврди во единствениот избирачки список се запишани милион 695 илјади 103 граѓани или 30 илјади 807 повеќе од регистрираните на парламентарните избори двеилјади и втората. Бројот на гласачите е идентичен со бројот на гласачките ливчиња кои се веќе дистрибуирани до 34-те општински изборни комисии. Ливчињата се бели со посебна заштита против фалсификати. Тие се запечатени до денот на изборите и се чуваат во простроиите наменети за чинот на гласањето. За нивното обезбедување се грижат припадниците на министерството за внатрешни работи. До општинските комисии, односно избирачките одбори е дистрибуиран целиот изборен матерјал гласачки кутии, паравани, ултравиолетови ламби, невидливо мастило. На изборите ќе се гласа вкупно на двеилјади 973 изборачки места, што ќе бидат отворени од седум до деветнаесет часот. Вообичаено, ден пред изборите своето право на гласање го ползуваат војниците на АРМ, затворениците и раселените лица. Припадниците на одбранбените сили гласаат во воените пошти, според списокот што до министерството за правда го достави министерството за одбрана. Лицата што издржуваат казна затвор гласаат во казнено-поправните установи, според списокот доставне од дирекцијата за извршување санкции при ресопрот правда. Правото на избор расеселените го отваруваат на два избирачки пункта, во хотел „Кристал“ во Куманови и во прифатниот Центар „Цане Здравковски“ во Скопје. Она што е специфично за ова гласање е броењето на гласачките ливчиња информира председателот на Државната Изборна Комисија Стево Пендаровски:

„Гласањето за категоријата војници, на пример, ќе се одвива на поспецифичен начин, затоа што броењето на гласовите нема да се одвива ден порано, значи на 13-ти, за овие посебни категории лица ќе се изврши гласањето ден порано, од седум до седум, меѓутоа броењето нема да се изврши тука, од посебен избирачки одбор, туку во пликоа, секој глас ќе се запечати и ќе се однесе во најблиската општинска комисија, значи не од каде што потекнуваат војниците, затворениците, туку најблиската. Сакаме да избегнеме долги патувања. Но, таа општинска комисија ќе брои дури по завршувањето на редовните избори на 14-ти по 19 часот,“

Овие трети преtседателски избори во Македонија ги следат 4 и пол илјади домашни и странски набљудувачи.
XS
SM
MD
LG