Достапни линкови

Багдад: Киднапирани осуммина Руси


Руското министерство за надворешни работи соопшти дека 8-умина вработени во една руска компанија биле киднапирани во Багдад. Руската амбасада во Ирак се обидува да издејствува ослободување на киднапираните, кои работеле на обновата на една електрана во близина на Багдад. Украина соопшти дека петмина од киднапираните биле украински државјани. Агенциите јавуваат и дека тројца чешки новинари и 7-умина американски работници се изчезнати и се претпоставува дека и тие се киднапирани.
XS
SM
MD
LG