Достапни линкови

Исламот се попопуларна религија


Муслиманската заедница во Чешка, една од нај нерелигиозните држави во Европа, е мала но постојано расте. Многумина доаѓаат да студираат и живает во Чешка, а кај младите Чеси постои тенденција за духовно прифаќање на исламот. Причините се повеке слојни. Делумно зад тоа стоји потрагата по духовното а делумно и пропагандата.

Чешката Република е веројатно нај атеистичка држава во Европа, во која многу млади чеси во последно време го прифатија исламот како своја религија. Владимир Сенка, еден од неколкуте стотици конвертирани млади луѓе вели дека во Чешка има околу 10 илјади муслимани. Владимир е старешна на Исламскиот центар во Прага. Инаку атеистичка и католичка Чешка, 15 години по падот на комунизмот ,сега, за прв пат се соочува со исламот.. Самиот 40 годишен Сенка пред девет години го прифатил исламот, а претходно бил атеист, се родил во такво семјство и се образовал за геолог. За причините за прифаќање на оваа религија тој вели.

„Се во нашето општество беше ориентирано на материјални нешта и активности. Ми недостасуваше она духовното. Јас го најдов господ. Верувам дека тој постои и дека го креирал универзумот и носи правда.“

Чехот Владимир Сенка вели дека во потрагата по духовното се определил за исламот затоа што оваа религија не ги отфрлала пораките на јудаизмот и христијанството туку преставува нивен континуитет. Младиот Андреј Машатов пак тоа го сторил откако се запознал со арапсаката култура и се оженил за една млада арапка.н Професорот од Карловиот Универзитет во Прага Томаш Халик вели дека младите чеси се всушност лесно подводливи затоа што немаат никакво знаење за религијата воопшто.

„Мислам дека генерално не се информирани за историјата на регионот, за христијанството воопшто. Тоа е поради специјалната ситуација која се создаде со комунистичкото владеење кога црквата беше репресирана, а и сега ја нема многу. Многу луѓе немаат воопшто никакво искуство за религијата. Затоа кога ке сретнат нешто ново и интересно тие се отворени.“

Халик вели и дека и некои се и подпаднати под пропагандата на муслиманските држави против државата Израел, а дел го имаат прифатено исламот и во знак на протест поради американската интервенција во Ирак. Мнозиснтво муслимани во Чешка сепак се емигранти од Блискиот Исток, Чеченија, Босна или Иран.
XS
SM
MD
LG