Достапни линкови

Ѓорѓи Варошлија, претседател на Советот за радиодифузија. Електронските медиуми главно коректно ја покриваа кампањата


Господине Варошлија, од почетокот на изборната кампања, истовремени и Советот за радиодифузија почна со мониторинг на електронските медиуми. Кои се првичните сознанија и оценки за мониторингот?

Во овој мониторинг се вклучени 112 надворешни соработници, кои ја покриваат целокупната територија на државава и некаде над 160 радио и ТВ станици, но исто така комплетно е вклучена во мониторингот и стручната служба на Советот. Советот до сега испратил до одредени медиуми, скоро 80 предупредувања. Предупредувањата главно се однесуваат на пробивањето на термините, кај одредени радио или ТВ околу вкупниот обем на рекламирање на час, економски и политички маркетинг. Потоа, пробивање на вкупниот обем на платеното политичко рекламирање, во реален час, но исто така и заради неозначување на платеното политичко рекламирање. Поради тоа што, во одредени медиуми се присутни носители на власт во други емисии, станува збор за други емисии неповрзани со изборната кампања. Или поради несоодветно објавување резултати од анкети на јавно мислење.

Што доколку истите пропусти се повторат, во медиумите до кои сте ги испратиле предупредувањата?

Вообичаено било да се испрати и второ предупредување. Но, со оглед на скратеноста на кампањата, за вонредните претседателски избори, доколку некој ги прекрши правилата од одлуката итн, тогаш Советот ќе поднесе прекршолни пријави. Веќе во тек се неколку прекршочни пријави што ќе бидат поднесени деновие против одредени медиуми.

Значи ли тоа дека медиумите неодоговорно се однесуваат?

Ако тргнуваме од бројката дека има 70 предупредувања, или за сега може да предвидиме дека ќе бидат поднесени неколку прекршочни пријави, апсолутно не значи дека медиумите неодговорно се однесуваат во кампњата. Напротив, овој пат, за разлика од претхондите парламентарни избори, кога се испраќани страшно голем број предупредувања во неколку наврати, покренувани се прекршочни пријави итн, овој пат медиумите исклучително внимателно се однесуваат, тоа значи исклучително одговорно се однесуваат. Ова не е бројка којашто би говорела за нивно неодговорно однесување.
XS
SM
MD
LG