Достапни линкови

Багдад: Грабнати седум кинески државјани


Седумина кинески државјани синоќа биле грабнати во централен Ирак, јави кинеската агенција Хсинхуа. Кинеското министерство за надворешни работи, како што се додава, веднаш испрати свој дипломатски тим во Ирак за да ги координира напорите за нивно ослободување. Во минатата недела во Ирак беа киднапирани многумина странски државјани, вклучувајќи и тројца јапонци за чија судбина ништо не се знае.
XS
SM
MD
LG