Достапни линкови

Фалуџа: Неформалниот прекин на огнот прекинуван со спорадични престрелки


Неформалниот прекин на огнот во ирачкиот град Фалуџа денеска, како што јавуваат агенциите, бил прекинуван со спорадични престрелки во близина на градот. Илјадници луѓе ова примирје го искористиле да заминат од Фалуџа, каде што, од избувнувањето на борбите меѓу американските сили и муслиманските милитанти во минатата недела, според болнички извори, загинале над шестотини ирачани. Во меѓувреме, ирачката полиција соопшти дека ја презела контролата во шиитскиот свет град Наџаф откако претходно за тоа бил постигнат договор со бунтовниците на радикалниот шиитски лидер Моктада ал Садр.
XS
SM
MD
LG