Достапни линкови

Фалуџа: Полудневен прекин на огнот


Во ирачкиот град Фалуџа со спорадичните насилства се одржува 12 часовниот прекин на огнот меѓу напаѓачите и сојузничките сили што почна изутрината во 8 часот според европско време. Билансот од инцидентите е двајца повредени америкнски маринци во уличен напад со снајпер и еден загинат Ирачанин. Командантот на америкнските сили Марк Кимит потврди дека во Багдад во напад бил урнат американски хеликоптер при што загинале двајцата пилоти. Во меѓувреме ирачаните сеуште ги држат во заложништво киднпираните цивили, а во Наџаф портпаролот на шиитскиот клерик Моктада Ал Садр изјави дека Садр очекува одговор од Соединетите држави за неговиот услов за повлекување на трупите а во врска со прифаќање на предлогот на сојузничките сили за прекин на огнот меѓу неговите подржувачи и американските сили.
XS
SM
MD
LG