Достапни линкови

Ерменија: Протести за оставка на претседателот Кочарјан


Околу 20 илјади луѓе протестираа синоќа во главниот град на Ерменија, Ереван, барајки оставка на претседателот Роберт Кочарјан, бидејки сметаат дека е нелегитимно избран на функцијата. Учесниците на протестите, кои се собираат на повик на опозиционите партии, најавија продолжување на демонстрациите се додека претседателот не си замине од власта. Кочарјан изјави дека опозицијата е инспирирана од настаните во Грузија и оти настојува со улични протести да го собори од власта, што нема да им успее.
XS
SM
MD
LG