Достапни линкови

Алжир: Победа на актуелниот претседател на изборите


На вчерашните претседателски избори во Алжир, според неофицијалните и нецелосни резултати, победил актуелниот шеф на државата Абелазиз Бутефлика. Неговите приврзаници, како што јавуваат агенциите, цела ноќ ја прославувале победата. Во претседателската трка учествуваа петмина кандидати, меѓу нив и Али Бенфлис, поранешен соработник на претседателот Бутефлика. Првите официјални резултати од изборите на кои излегоа скоро пеесет и осум насто од гласачите, се очекува да бидат соопштени во текот на денов.
XS
SM
MD
LG