Достапни линкови

Вашингтон: САД не планираат намалување на финансиската помош за Израел


Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека Соединетите Дражви не планираат да ја намалат финансиската помош за Израел поради тоа што таа земја гради заштитна бариера низ палестинските територии на Западниот Брег. Говорејќи пред сенатот, Пауел рече дека администрацијата на Буш верува оти Израел има право на тоа. Израелската влада соопшти дека со бариерата ќе биде оневозможено палестинските милитанти да вршат напади во Изарел.
XS
SM
MD
LG