Достапни линкови

Багдад: Петмина американски војници убиени во Ирак


Пет американски војници се убиени во судирите во Ирак за 24 часа, соопшти синоќа Командата на силите на САД во Багдад. Во соопштението се наведува дека двајца маринци загинале во западната ирачка провинција Анбар, каде што се наоѓа градот Фалуџа во кој последниве денови се водат жестоки борби меѓу американските сили и ирачките бунтовници. Еден војник е убиен, кога колона американски возила паднала во заседа кај местото Чан Бани Саад, северно од Багдад. Уште еден војник загинал кога група ирачки бунтовници нападнале американски контролен пункт во близина на Самара, 100 километри северно од Багдад. Петтиот американски војник го загубил животот при ракетен напад врз воен магацин.
XS
SM
MD
LG