Достапни линкови

Макотрпна работа


За организирање предизборен митинг потребна е макотрпна работа на неколку екипи, секоја задолжена за одтредена работа. За некои изборни штабови 15 лица се доволни за добра организација на митинг, а за други пак над 100-тина:

„Станува збор начелно за четири екипи. Екипа којашто е задолжена за изработка на бината, екипа којашто е задолжена за изработка на сценографијата, екипа задолжена за озвучувањето и екипа којашто го снима митингот. 48 часа пред одржувањето на митингот се поднесува барање за дозвола за одржување на митингот од МВР. Од другите дозволи коишто се неопходни за одржување на еден митинг, тоа е барањето за дозвола од ЕСМ за приклучок на струја и одобрение на локација каде што се одржува митингот од градското собрание. Инаку, за успешна реализација на еден митинг, барем во случајот на ВМРО-ДПМНЕ се потребни од 12 до 15 луѓе,“

изјави Лазе Темелков портпарол на изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Сашко Кедев. За разлика од него Џеват Адеми од изборниот штаб на Гезим Острени со став не е воопшто лесно да за зафатиш со организација на Митинг, а уште потешко вели тој е да ги мотивираш луѓето да излезат на митинг:

„Од една страна за редот и протоколот на самиот митинг беа ангажирана 100 луѓе. За да се организира еден успешен, добар митинг е поеколно тешко, не е лесна работа. Не е лесна работа и од друга причина, за да ги мотивираш луѓето и технички, верувајте ми, веќе стана опасно да се зафатиш со организација на јавни митинзи со претензија да се големи. Опасно, поради можноста од неуспех, да не дојдат луѓето, да пропадне митингот. Не е лесна работа да ги собереш сите челници на партијата, а плоштадот да биде празен.“

Во изборниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковки не се во состојба да набават податоци од како што велат текнички карактер бидејки имале други посериозни обврски.

„Не знам, од технички карактер, не можам да набавам такви податоци и тоа не е нешто што е егзактно. Не знам навистина.“

За да организираш успешен митинг потребна е добра партиска структура смета Сулејман Рушити од ИШ на претседателскиот кандидат на ДПА Зуди Џелили.
XS
SM
MD
LG