Достапни линкови

До сега загинаа 30 коалициони војници и 200 Ирачани


Во Ирак веќе неколку денови траат борбите меѓу американските и сојузничките сили од една и сунитските и шиитските бунтовници од друга страна. Американската команда потврди дека бомбардирала една џамија во сунитскиот град Фалуџа кој е под американска опсада. Во другите градови, коалиционите сили настојуваат да го сузбијат оружениот бунт на шиитската милиција на радикалниот верски лидер Мокадата ал Садр. Судирите во кои досега загинаа над триесет коалициони војници и околу двесте бунтовници, според аналитичарите, претставуваат уште еден тест за решеноста на сојузниците во Ирак.

Во повеќе градови во Ирак, без разлика дали во нив монзинството се сунити или шиити, коалиционите сили се принудени на жестоки битки. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд призна дека сојузниците се соочуваат со сериозен проблем. Сепак, тој оцени дека, и покрај тоа, Соединетите Држави ја контролираат ситуацијата и оти војниците на колацијата се во офанзива против ирачките бунтовници. Според Рамсфелд, најновите насилства биле предизвикани од мала група разбојници и убијци:

„Соединетите Држави ќе останат на курсот се додека не ја завршиме задачата. Како што рече претседателот Буш, ние не сме во срцето на Ирак и не плаќаме горчлива цена во жртви за ослободување на дваесет и пет милиони луѓе, за да се откажеме пред некоја банда разбојници и убијци.“

Рамсфелд најави дека американските трупи кои требаа наскоро да заминат од Ирак, ќе останат и натаму со цел да ги спречат насилствата во земјата. Во моментов во Ирак има околу сто триесет и пет илјади американски војници. Инаку, по вчерашните тешки борби во Кут, Украина реши да ги повлече своите војници од тој град што е под контрола на приврзаниците на шиитскиот клерик Моктада Ал Садр. и преостанатите сојузничките војници, бугарските, шпанските, полските,,,Во градовите под негова контрола наидуваат на жестоки напади. Како што е познато, Мокатада ал Садр, во последното соопштение побара од сите ирачани, без оглед дали се шиити или сунити, да помогнат во протерувањето на странските сили од Ирак. Сево ова, според експертите, силно ја тестира решеноста на американските партнери во Ирак. Тимоти Гарден, аналитичар во Центарот за одбранбени студии во Лондон, сепак верува дека сојзниците ќе останат да ја завршат задачата во Ирак:

„Секоја земја што ја поддржа интервенцијата во Ирак, Британија, Шпанија, Австралија, Полска и другите, сега имаат легална и морална одговорност да воведат ред и мир во земјата.“

Вели Гарден кој смета дека во остварувањето на таа задача би требало да бидат поканети и другите земји.
XS
SM
MD
LG