Достапни линкови

Вашингтон: Сведочење на Кондолиза Рајс


Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Кондолиза Рајс денеска јавно ќе сведочи пред независната истражна комисија за терористичките напади врз Соединетите Држави на 11 септември 2001 година. Рајс треба да ги изнесе анти-терористичките мерки на администрацијата на Џорџ Буш во периодот пред нападите во кои загинаа 3000 луѓе. Официјален Вашингтон соопшти дека очекува Кондолиза Рајс да го отфрли тврдењето на бившиот советник за анти-тероризам на Белата Куќа Ричард Кларк дека пред 11 септември борбата против тероризмот не била приоритет на Бушовата администрација.
XS
SM
MD
LG