Достапни линкови

Скратените рокови и демократската зрелост причина за релативно мирната кампања


Динамиката и вербалните дуели во втората недела од предзборната кампања се заоструваат но генерално таа се доживува како релативно мирна или барем неизненадувачка. Клучната причина се скретените рокови и кусото време за подготовка:

„Изборите се случија предвреме. Не е нормална кампања, во којашто се сочувани сите елементи на политичка кампања, ниту пак сите циклуси се спроведени. Се е направено набрзина. А, и населението не е подложно веќе на манипулации,“

вели политикологот Ѓорѓи Иванов. Сепак нервозата и тензиите допрва почнуваат:

„Сега се повеќе соминира една негативна кампања, иако ги има и позитинвите аспекти од двете страни, кои укажуваат на кои вредности и политики би ги воделе.“

Во албанскиот блок одсутвото на жестината се толкува со реалната проценка за успех на изборите:

„Оваа кампања во албанскиот блок е повеќе одмерување на силите и подготовка за есенските локални избори, а не вистинска кампања за претседател.“

вели Ибрахим Мехмети.

За набљудувачите од страна атмосферата и начинот на водење на предзборието се потврда на демократската зрелост на земјата:

„Мислам декиа начинот на кој партиите се организираа за овие предвремени избори, како и начинот на кој се однесуваат досега го потврдува европскиот курс по кој се движи Македонија,“

оценува портпаролот на специјалниот европски пратеник во Македонија Соренсен Шина Томпсон.

Слично мисли и директорот на Националниот Демократски Институт , организација која се занимава со јакнење на демократијата во светот која го изработи кодексот за однесување за слободни и фер избори, Крис Хеншо:

„Во моментов не гледам проблеми во начинот на кој оваа кампања се води И мислам дека тоа се должи не само на населението туку и на самите партии.“

За мирна кампања декларативно се залагаат и самите учесници во изборната трка. Црвенковски и Кедев во првата дебата на скопската телевизија Телма рекоа:

„Би сакал навистина најискрено да завршат во една демократска, фер, европска, што би се рекло скандинавска атмосфера,“

рече Црвенковски.

„Во целост кампањата е позитивна и многу сум задоволен досега.“
XS
SM
MD
LG