Достапни линкови

Никозија: Лидерот на кипарските Грци го отфрли планот на ОН за Кипар


Претседателот на Кипар Тасос Пападопулос денеска ги повика кипарските Грци да не го поддржат планот на ОН за решавање на кипарскиот проблем. Во своето 35-минутно телевизиско обраќање Пападопулос апелираше до кипарските Грци на референдумот на 24 април да гласаат „против“ Планот на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан со кој се предвидува обединување на грчкиот и турскиот дел на Кипар и формирање двонационална федерација. Истиот ден, референдум за Планот ќе се одржи и на турскиот дел на Кипар.
XS
SM
MD
LG