Достапни линкови

Вашингтон: САД очекуваа засилување на нападите врз коалициските сили


САД очекуваа засилување на нападите врз коалициските сили во Ирак, како што се приближува терминот за враќање на суверенитеот на Ирачаните, изјави денеска во Вашингтон американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, во врска со ескалацијата на насиствата во оваа држава во последниве денови. Според Рамсфелд, најновите напади врз колаициските сили се дело на поедници кои се противат на слободата на Ирак. „Тоа се оние кои не сакаат Ирак да биде слободен. Но, ние нема да им дозволиме да успеат во тоа“, изјави Рамсфелд. Американскиот воен претставник, потполковникот Бренан Берн соопшти дека околу 40 лица се убиени денеска кога американски хеликоптери стрелале со ракети врз џамијата во Фалуџа, во која биле скриени ирачки бунтовници. Претходно, медиумите од Ирак повикувајќи се на воени, полициски и болнички извори јавија дека во судирите меѓу ирачките бунтовници и сојузничките сили во Ирак во градовите Фалуџа, Киркук и Рамади во последново деноноќие загинале најмалку 81 лице, меѓу кои и 13 американски војници, а околу 140 се ранети.
XS
SM
MD
LG